Се јави и Червар: Одлуката не беше лесна, но Хрватска е мојата татковина

Макфакс

14/03/2017

14:56

1.102

Големина на фонт

а а а

Ракометната федерација на Македонија во неделата објави на својата интернет страница дека Лино Червар повеќе не е селектор на националниот тим.

Во соопштението РФМ објави и дел од писмото кое Червар го испратил до Федерацијата во кое тренерот пишува: „дали тоа да биде со репрезентацијата на државата во која сум роден, во која основав семејно гнездо, во која се изградив, развивав и афирмирав како ракометен тренер и ги постигнав најголемите светски успеси и во која кога-тогаш морам да се вратам и вечно да останам или да се одредам за репрезентацијата на една мала, горда држава, мојата втора татковина, која ме дочека и прифати како свој тренер на кој му даде сѐ што може да се даде? Сепак, ја одбрав Хрватска, мојот роден крај, мојата земја“.

Червар е минатото на македонската репрезентација, а иднината на хрватската, а трофејниот тренер прв пат се огласи напуштањето на клупата на Македонија.

„Одлуката не беше лесна, но Хрватска е мојата татковина, го кажав тоа и во Македонија која ме задолжи и поради тоа верувам дека ќе останеме во добри односи. Да вистина е дефинитивно решив да се вратам. Тоа е се што можам да кажам во овој момент“, ја пренесува изјавата на Червар, кој со Металург се наоѓа во Пореч, „Јутарњи лист“.

Червар повеќе не е селектор на Македонија, но сеуште е актуелен тренер на Металург, но вели дека многу полесно ќе одат работите околу заминувањето од тимот од Автокоманда.

„Тоа ќе оди многу полесно, иако приказната е слична. Тука нема големи проблеми“, рекол Червар.

Според „Јутарњи лист“, Червар во петок ќе биде во Загреб каде ќе ги дефинира сите детали околу преземањето на селекторската функција.


Спонозорирани линкови

Маркетинг