Сте се запрашале ли како работи Google Translate?

Точка

14/03/2017

14:50

4.609

Големина на фонт

а а а

На почетокот кога сервисот беше пуштен во употреба, многумина се шегуваа на сметка на Google Translate затоа што овој сервис понекогаш нудеше смешни и нелогични преводи.

Сепак, со текот на времето Google Translate значително напредуваше, па иако и денес тешко дека ќе биде преведена сложена реченица со 100 проценти точност, јасно ни е на сите дека овој сервис секој ден станува се подобар.

Од Google се обидуваат да го направат овој сервис што е можно попрецизен, па така денес се повеќе јазици се поддржани од софтверот на Google за невронски машински преводи.


Специјалниот софтвер на Google користи длабоки невронски мрежи - компјутерски системи кои што се темелат на човечкиот мозок и нервниот систем, така што Google Translate со поголема прецизност ќе преведува цели реченици, а не само фрази, пренесува Business Insider.

Од Google деновиве соопштија дека рускиот, виетнамскиот и хинди хазикот од следните седмици ќе „работи“ на невронскиот систем за преведување. Осум други светски јазици веќе ја користат технологијата за невронско машинско преведување.


„Невронскиот превод е значително подобар од претходната технологија, затоа што сега одеднаш Google Translate преведува цели реченици, наместо само делови“, изјави Барак Туровски од Google Translate и додаде: „Поради тоа, преводите се попрецизни и звучат поблиску до начинот на кој што луѓето говорат конкретен јазик“.

Промените ќе бидат имплементирани и на Google Search, translate.google.com, Google апликациите и на автоматскиот превод на страниците на Google Chrome. Туровски најави дека се повеќе јазици ќе бидат преведувани со помош на оваа технологија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг