Тачи до Столтенберг: Војската е неопходна за да се одбрани територијалниот интегритет на Косово

Макфакс

14/03/2017

13:50

303

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Косово, Хашим Тачи испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, објаснувајќи ја својата иницијатива за трансформација на косовските безбедносни сили во војска, пренесува Gazeta Express.

Писмото на Тачи е испратено пред состанокот на Советот на НАТО, а во него косовскиот претседател објаснува дека трансформацијата е потребна и тоа е уставно право да формира заштитна сила, способна да го брани територијалниот интегритет на Косово и да придонесе за мирот и стабилноста во регионот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг