АБА: Тројца од Црвена звезда во идеалната петорка на сезоната

Макфакс

14/03/2017

13:15

800

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Црвена звезда поставија нов рекорд во АБА лигата, откако сезоната ја заврши со 25 победи и еден пораз, па сосема очекувано доминираат во изборот на идеалниот тим во регионалната лига.

Идеалната петорка во АБА лигата ја избираат тренерите, навивачите и стручна комисија на лигата и тоа по принцип гласовите на тренерите се вреднуваат со 60 отсто, на навивачите со 30, а на стручната комисија со 10 отсто.

Според овие критериуми во идеалната петорка се најдоа тројца играчи на Црвена звезда и по еден на Партизан и Цедевита.

Стефан Јовиќ, Чарлс Џенкинс, Марко Симоновиќ од Црвена звезда, односно Новица Величковиќ од Партизан и Миро Билан од Цедевита ја сочинуваат идеалната петорка на АБА лигата.

Најмногу гласови 13 отсто добил Јовиќ, потоа следуваат Симоновиќ 910,15), Џенкинс (9,35), Билан (8,4) и Величковиќ (7,28).


Спонозорирани линкови

Маркетинг