Љубиша Прелетачевиќ – Бели сепак кандидат на претседателските избори во Србија

Макфакс

14/03/2017

12:51

750

Големина на фонт

а а а

Српската државна изборна комисија (РИК) ја потврдила претседателската кандидатура на Лука Максимовиќ, попознат како Љубоша Прелетачевиќ – Бели, пренесуваат српските медиуми.

За ваквата одлука гласале 19 членови на РИК, двајца биле против а на гласањето немало воздржани. „Ве сакам сите, ви реков дека се ќе биде во ред, без секирации. Како може да пропадне вашето пет часовно стоење и чекање? Сега одиме само јако, шириме љубов и весела атмосфера во волнени чорапи! Аве Бели“, напишал Прелетачевиќ на својот Фејсбук профил.

По бурната седница која траеше повеќе од ва часа и на која немаше претставници од владејачката Српска напредна партија, РИК од неколку предлози го усвои само оној со кој ја прогласи кандидатурата на група граѓани „Љубиша Прелетачевиќ – Бели само јако“, и со ова сега на пратеседателските избори ќе има вкупно 11 кандидати.

Проблемот со кандидатурата на Прелетачевиќ настана откако во 9.965 изјави било наведено името „Бели – Само јако“, додека, пак, во 2.585 изјави стоело „Љубиша Прелетачевиќ Бели – Само јако“.

Инаку, политичарот под псеводоним Бели, кој на минатите локални избори успеа да добие 13 мандати во локалното Собрание на Младеновац, за своето алтер-его (Љубиша Прелетачевиќ – Бели) вели дека не е ништо друго, туку типичен српски политичар: гласен, нечесен и неискрен; се занимава со некои матни работи и не почитува закони.


Спонозорирани линкови

Маркетинг