Турција бара од Русија кредит за купување на ракетни системи С-400

Нетпрес

14/03/2017

12:07

569

Големина на фонт

а а а

Турција изрази желба да добие кредит од Русија за купување оружје, вклучувајќи и против-воздушни ракетни системи С-400, изјави директорот на руската државна корпорација „Ростех“, Сергеј Чемезов, јави ТАСС.

- Тие изразија таква желба, но засега прашањето не е решено. Министерството за финансии сега води преговори и откако ќе биде донесено соодветно решение за отпуштање на одреден кредит ќе потпишеме договор за доставки на оружје, меѓу кое и С-400, изјави Чемезов за руската телевизија „Росија 24“.

Тој не прецизира кога ќе биде донесено конкретно решение.

Чемезов во февруари изјави дека Турција пројавила интерес за руските против-воздушни ракетни системи С-400 и земјите водат преговори за можните доставки.


Спонозорирани линкови

Маркетинг