"Погледни се, ми се гадиш": Бибер навредил и расплакал обожавателка, па го "распнале" на социјалните мрежи

Точка

14/03/2017

11:48

3.757

Големина на фонт

а а а

Џастин Бибер повторно направил глупост. На турнејата во Австралија тој го посетил Мелбурн. Обожавателките го обиколиле, сакале да се фотографираат со него. Меѓутоа, една девојка доживеала непријатно изненадување од Бибер.

Џастин не сакал да се фотографира со неа и ѝ рекол: "Погледни се, ми се гадиш".

Снимката од овој инцидент се појавила на ЈуТјуб, а револтираната обожавателка ја раскажала својата приказна за The Herald Sun.

"Не беше добро расположен, и инсистираше да не се фотографира со мене", рекла таа, но признала дека сепак сакала да се сликаат.



Џастин Бибер ја објаснил својата постапка.

"Таа ја загрози мојата приватност, не сакав да се сликам", навел пејачот.

Секако, на сметка на Бибер веднаш се појавиле негативни коментари, дека е "ѓубре" и дека требало да се слика со девојката. Од друга страна, некои тврдат дека крива е таа, бидејќи била упорна.

Еден од коментарите под видеото вели дека "фановите се сами виновни што упорно трчаат по некој што веќе неколку години им покажува дека не се грижи за нив".


Спонзорирани линкови

Маркетинг