Малта останува посветена на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Макфакс

14/03/2017

11:47

260

Големина на фонт

а а а

Процесот на проширување на Европската унија продолжува, а политиката на Малта е таква што таа поддржува цврсто и фер условување и напредок врз основа на постигнувањата на секој од кандидатите или пак потенцијалните кандидати за членство, вели шефот на дипломатијата на Малта, Џорџ Вела во интервју за порталот European Western Balkans (EWB).

„Во неколку наврати имав можност да посетам неколку земји од Западен Балкан, каде повикав на континуирани реформи и добрососедски односи, нешто што на крајот ќе донесе и членство во ЕУ. Мојата последна посета беше во Босна и Херцеговина и таму го повторив ова, односно потенцирав дека во ЕУ нема заморување од процесот на проширувањето“, вели тој.

Според малтешкиот министер, главните предизвици во поглед на овој процес се однесуваат на спроведувањето на неопходните реформи. „Малта исто така помина низ овој процес скоро, пред да стане членка на ЕУ во 2004-та и можам да кажам дека работата која треба да се заврши во спроведувањето на реформите, процес кој некогаш е и доста болен, бара посветеност и упорност. Покрај техничките предизвици во поглед на усвојувањето на европското законодавство, земјите во овој регион мораат да погледнат преку минатото и сегашните тензии и поделби, и да вложат во хармонизирање на регионалната интеграцијата како нивна главна цел“, потенцира Вела.

Запрашан околу тоа какво влијание има големината и бројот на населението на една земја кога станува збор за членство во ЕУ, Вела порачува дека на крајот од денот она што е битно се „визијата и резултатите“ што ги демонстрира секоја поединечна земја, а не нејзините физички карактеристики.

„Доколку има една лекција којашто може да се научи преку членството во ЕУ, тоа е дека големината на земјата не ги диктира резултатите кои таа може да ги оствари. Во поглед на искуствата на Малда, големината на нашата земја, или пак бројот на населението не се покажа како препрека во правењето на предлози и активното учество во европската политика, или пак и во бранењето на сопствените црвени линии кога тоа беше потребно. Многу често ограничувањата си ги наметнуваат самите земји, и на крајот она што е погласно се визијата и резултатите, отколку физичките карактеристики на земјата“, порачува шефот на дипломатијата на Малта во интервјуто за EWB.


Спонозорирани линкови

Маркетинг