Спарси го стигнаа Голден Стејт

Макфакс

14/03/2017

11:25

438

Големина на фонт

а а а

Сан Антонио ја совлада Атланта 107:99 и се израмнија на првата позиција во НБА лигата со Голден Стејт. Изминатата ноќ во НБА лигата ја обележаа ветараните Винс Картер од Мемфис и Дирк Новицки од Далас, односно 26-годишниот Рики Рубио од Минесота.

Кандидатот за МВП наградата по завршуањето на регуларниот дел од сезоната, Каваи Ленард со 31 поен го предводеше Сан Антонио до победата над Атланта 107:99. Спарси со оваа победа се израмнија на челната позиција со Голден Стејт, двата тима имаат по 52 побеид и 14 порази.



Винс Картер блескаше во победата на Мемфис над Милвоки 113:93. Картер не промаши од игра (2/2 за два, 6/6 за три) постигна 24 поени и стана само шестиот играч во историјата на лигата кој во петтата деценија од животот постигнал 20 или повеќе поени на еден натпревар.



Дирк Новицки неодамна влезе меѓу легендите, откако ја мина границата од 30.000 поени во кариерата, а на натпреварот во Торонто го мина Предраг Стојаковиќ на 14-то место на листата на најдобри „тројкаши“ на сите времиња. Германецот досега има постигнато 1.761 тројка во НБА кариерата. Инаку Далас во Торонто забележа убедлив пораз 100:78.

Шпанецот Рики Рубио беше предводник на Минесота во победата над Вашингтон 119:104. 26-годишниот плејмејкер постигна 22 поени, на кои придодаде 19 асистенции што е нов рекорд на оваа франшиза. Покрај Рубио блескаше во тимот од Минеаполис и Карл Ентони Таунс со 39 поени и 13 скокови.

На останатите натпревари одиграни изминатата ноќ, Чикаго ја прекина серијата на лоши резултати со победата над Шарлот 115:109, Јута славеше против ЛА Клиперс 114:108, Сакраменто го победи Орландо 120:115, а Денвер ги декласира Лејкерси 129:101.


Спонозорирани линкови

Маркетинг