Столтенберг: КФОР е единствената војска на Косово

Макфакс

14/03/2017

11:19

441

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во својот годишен извештај навел дека КФОР е единствената воена силна на Косово, пишува приштинскиот весник „Бота сот“.

Столтенберг наведува дека НАТО ја надгледувал обуката на безбедносните сили на Косово како мултиетнички, професионални сили кои се под цивилна контрола, наведуваат косовските медиуми.

Безбедносните сили на Косово имаат лесно наоружување и немаат офанзивни воздухопловни капацитети, при што нивната примарна одговорност се реакција во вонредни ситуации, како што се отстранувања на експлозиви и муниција, управување со токсични материјали и противпожарна и цивинла заштита, се наведува во извештајот на Столтенберг.


Спонозорирани линкови

Маркетинг