Турција ја обвини ЕУ дека селективно ги применува демократските вредности

Нетпрес

14/03/2017

10:52

252

Големина на фонт

а а а

Турското Министерство за надворешни работи упати критика денеска до Европската унија поради тоа што ја повикала Анкара да се воздржи од радикални изјави и оцени дека е мошне тажно тоа што ЕУ застанува на страната на Холандија, која според Министерството ги нарушува човековите права и европските вредности.

Односите меѓу Турција и Холандија, земји-партнерки од НАТО, изминатите денови се влошија поради спор околу активностите на турски политичари во Холандија, како дел од кампањата на Турција за претстојниот референдум во април.

Анкара вчера соопшти дека ќе ги прекине дипломатските односи на високо ниво, откако холандските власти ги спречија турските министри да говорат пред Турците кои живеат во Холандија.

Спорот, предизвика тензии и во ЕУ, кон која Турција сака да се приклучи.

Турското МНР нагласи дека ЕУ селективно ги применува основните демократски вредности и човековите права и слободи, како и дека забелешките, кои повикуваат на воздржаност немаат вредност за Турција.


Спонозорирани линкови

Маркетинг