Овие 10 земји е невозможно да се освојат: Многу луѓе би сакале, но никој не знае ниту од каде да почне

Точка

14/03/2017

11:07

11332

Големина на фонт

а а а

Иако звучи како пропаганда, на овие десет земји ќе биде речиси невозможно да се направи инвазија. Како поради бројот на нивната војска, специфичноста на територијата така и поради некои други работи..

10. Австралија

Активен воен персонал: 60.000

Резервисти: 44.000 луѓе

Тенкови: 59

Артилерија: 75

Хеликоптери: 188

Поморска сила: 47 (подморница: 6 носачи на авиони: 2)

Иако има релативно мала популација од околу 23 милиони луѓе, Австралија е огромна и како држава и како континент. Со исклучок на крајбрежните области каде што е населено 98% од населението, островот е составен од околу 7,5 милиони квадратни метри пустина. Тоа е совршено место за секоја војска да се сокрие, да изврши ненадеен напад и да започне инвазија. Но, благодарение на својата географска положба тоа би било премногу тешко, речиси невозможно. Напуштените полиња во внатрешноста на земјата како и Големиот корален гребен ги штитат големи делови од Квинајланд. За време на Втората светска војна Јапонците сериозно размислувале за инвазија на Австралија, но нивните здраворазумни проценки им сугерирале дека во никој случај не треба ниту да се обидуваат. Иако повеќето австралиски воени сили биле зафатени во Европа или во Северна Африка, проценето е дека за окупација на островот би биле потребни најмалку 200.000 војници. Затоа одлучиле дека е попаметно да ја изолираат Австралија, обидувајќи се да ја "отсечат" од САД. Дури и Јапонците да би успеале во инвазијата и да ги заземале крајбрежните градови, Австралијанците без проблем би можеле со години герилски да се борат од бројните скривници на континентот. На Глобалниот мировен индекс, Австралија е трета во регионот Азија-Пацифик и деветта во светот по својата мирољубивост.



9. Швајцарија

Активен воен персонал: 100.000 луѓе

Резервисти: 77.000 луѓе

Тенкови: 224

Артилерија: 224

Хеликоптери: 43

Додека Европа ја разоруваа и уништуваа ужасите на двете светски војни, оваа мала алпска држава беше поштедена благодарение на својата неутралност. Земјата својот одбранбен план го развила уште во 1880-та година, па според него покренале серија од утврдувања во клучни позиции околу бројни планински премини, а токму тие и ги обесхрабруваат непријателите од било каква идеја за инвазија на оваа земја. По Втората светска војна и страв од можна инвазија од Советите, одбранбениот план се проширил на цела инфраструктура на Швајцарија. Војската поставила динамити на сите патишта и железници, а планирале да ги детонираат доколку напад би започнал. На овој начин секој агресор би морал да троши време и енергија само да влезе во државата. Покрај ова, бројните бункери, тунели и утврдувања изградени во рамките на планините им нудат пристап и заштита на воени дивизии така што тие би можеле да се бранат со напад во секое време. Со текот на годините го намалиле бројот на активен воен персонал од 400 на 100 илјади луѓе. Со оглед на тоа дека имаат директна демократија во која самите граѓани носат голем дел од одлуките кои се однесуваат на самата земја, токму тие одлучиле дека нема потреба за толкава војска, а истовремено ја зголемиле финансиската распределба за професионализација на кадрите кои останале. Сите граѓани на земјата имаат поминато воена обука, а по нејзиното завршување можат да го задржат оружјето - па така на 100 Швајцарци има по 45,7 парчиња оружје. Во случај на инвазија, речиси 4 милиони Швајцарци веднаш би биле подготвени да ја одбранат својата земја - иако голем број на воени аналитичари тврдат дека вакво нешто никогаш нема да се случи - со оглед на тоа дека поголемиот број на светски богаташи своите пари ги чуваат во Швајцарските банки, па инвазијата не би му одговарала на никој.



8. Тувалу, Нов Зеланд, Исланд и Бутан

Сите четири земји спаѓаат во оваа категорија, не поради можностите за силна одбрана, туку поради нивната изолација и недостигот на стратешки или економски бенефиции за потенцијалниот напаѓач. Од нив, само Нов Зеланд и Бутан имаат војска од околу 9.000 и 6.000 активни војници. Иако Нов Зеланд е развиена земја, таа не е во конфликт со ниту една друга земја. На Глобалниот мировен индекс, Нов Зеланд е на четвртото место.



7. Јапонија

Активен воен персонал: 250.000

Резервисти: 42.000

Тенкови: 777

Артилерија: 839

Хеликоптери: 741

Поморска сила: 131 (подморница: 17 носачи на авиони: 3)

Покрај тоа што Јапонија е островска земја, што секогаш е потешка за освојување отколку копнена, оваа земја има завидна армија и силна економија која може да им се спротистави и на најсилните непријатели. Одбранбениот буџет им изнесува околу 60 милијарди долари, што е шести по големина во светот. Тие делуваат застрашувачки и во мотивираноста со која ја бранат својата земја - за што постојат бројни историски примери.. Единствениот начин да ги победите би било да фрлите атомска бомба, бидејќи Јапонците не знаат за зборот "предавање". Оружјето со кое располага Јапонија е прилично напредно и софистицирано, а со единствениот непријател кој би можел да им биде достоен , САД, имаат потпишано договор за мир и соработка и на никој не му е од интерес да го прекине.



6. Иран

Активен воен персонал: 545.000 луѓе

Резерви: 1,8 милиони луѓе

Тенкови: 1658

Артилерија: 2400

Хеликоптери: 140

Поморска сила: 398 (Подморници: 33)

Во изминатите децении Блискиот Исток стана извор на војни, конфликти, социјална и економска нестабилност и екстремизам. Иако поголемиот дел од неговите соседи подлегнаа на ужасите на војната, Иран се уште е силен фактор за влијание и стабилност во регионот. Иако голем дел од светот би сакале ова да се промени. Покрај тоа, Иран работи и на развивање на сопствена нуклеарна програма, што го прави уште поопасен противник. Поради нивната моќ, воените аналитичари веруваат дека на никој нема да му биде добра идеја да го нападне Иран - за што придонесува и лошиот терен, броените скриени бункери и големите резерви кои им овозможуваат долготрајна герилска војна против било кој агресор.



5. Канада

Активен воен персонал: 95.000 луѓе

Резервисти: 51,000

Тенкови: 181

Артилерија: 161

Хеликоптери: 175

Поморска сила: 63

Површински втората најголема земја во светот, со самата пространост е многу незгодна за напад, а покрај тоа имаат и силна армија како и економија која може да ја финансира. Непристапниот терен, екстремен студ и оддлеченост од се' - освен САД, претставуваат големи проблеми при обид на инвазија. Покрај тоа, Канда генерално е пријателски настроена кон сите други земји и никогаш не влегува во конфликт, при што навистина е тешко воопшто да има непријатели.



4. Северна Кореја

Активен воен персонал: 700.000

Резерви: 4,5 милиони луѓе

Тенкови: 4200

Артилерија: 6550

Хеликоптери: 222

Поморска сила: 967

Нуклеарни боеви глави: 8

Диктаторскиот режим издвојува огромни пари за војска, како и нуклеарна програма што ги прави непредвидлив непријател. Покрај тоа, остатокот од светот династијата Ким ја доживуваат како лудаци кои се подготвени да ризикуваат се', па дури и сопствениот народ само да не бидат поразени, а при тоа без проблем би фрлале нуклеарки насекаде.



3. Велика Британија

Активен воен персонал: 150.000

Резерви: 182,000

Резервоари: 407

Артилерија: 227

Хеликоптери: 397

Поморска сила: 76

Нуклеарни боеви глави: 215

Уште една островска земја која тешко дека некогаш ќе доживее комплетна инвазија е Велика Британија, а последен пат тоа се случило во далечната 1066-та година. Силната војска, моќната кономија, сојузниците и непристапноста - опкружена е со километри од океан - ја прави Англија поприлично сигурна. Буџетот за одбрана изнесува 55 милијарди долари и е петти по големина на светот, а војниците се обучени професионалци постојано вклучени во акции преку НАТО.



2. Русија

Активен воен персонал: 766.000

Резерви: 2,5 милиони

Тенкови: 15,400

Артилерија: 10.600

Хеликоптери: 1.750

Поморска сила: 352

Нуклеарни боеви глави: 7.300

Огромната Русија низ историјата докажа дека е речиси невозможно да се освои. Уште од Швеѓаните во 18-ти век, Наполеон во 19-ти и Хитлер во 20-ти век.. Освојување на толку голем простор бара огромна армија - но и ужасно многу пари - со многу мали шанси з ауспех, па никој не е доволно луд да ризикува. Буџетот за одбрана им изнесува 66 милијарди долари, а од неодамна започнаа да ги зголемуваат инвестициите во војската.



1. САД

Активен воен персонал: 1,4 милиони

Резерви: 1,1 милиони

Тенкови: 8.848

Артилерија: 3,300

Хеликоптери: 7.100

Поморска сила: 415

Нуклеарни боеви глави: 7.100

САД троши повеќе на војската отколку претходните девет земји заедно - точно 577 милијарди долари годишно. Покрај тоа, американската војска има 1,4 милиони активни војници, 13.900 воени авиони и 8.850 тенкови кои се подготвени за војна. Да не споменуваме дека американската морнарица е една од најсилните во светот, со 20 носачи на авиони (на второ место е Франција која има дури 4 носачи). САД имаат далеку повеќе воени авиони од било која друга земја, а поседуваат и најмоќна вселенска технологија. Американската воена морнарица меѓудругото го поседува и најмоќниот ласерски топ кој е во состојба да го испрати на дното билокој воен брод, сметаат Кредит Свис. Американската војска исто така располага со голем број на добро обучени човечки ресурси, а за американскиот најмоќен арсенал не треба да пишуваме посебно. Американската војска, со руската и уште неколку, е најдалеку во развојот на т.н. скаларно оружје кое уште го нарекуваат и "Смртоносни зраци на Тесла".



Спонозорирани линкови

Маркетинг