Таа блескаше на доделувањето на Оскарите, а само неколку дена подоцна изгледа сосема непрепознатливо

Точка

13/03/2017

22:00

7184

Големина на фонт

а а а

Никол Кидман неодамна присуствувала на доделувањето на „Goldene Kamera” во Хамбург, каде што ги привлекла погледите на присутните со својот необичен изглед.

Славната актерка, која претходно призна дека користи ботокс, на 26-ти февруари блеснала на доделувањето на Оскарите во Лос Анџелес. Само неколку дена подоцна, таа се упатила во Германија, каде што на 4-ти март присуствувала на гала вечера, на која сите забележале дека нејзиното лице изгледа отечено и премногу затегнато.


Пластичниот хирург Џереми Хант рекол за Daily Mail дека ваквиот изглед најверојатно е последица на користењето на филери со кои актерката сака да ги отстрани брчките.


Никол во едно инттервју во 2011 година изјавила дека пробала многу работи за да го запре стареењето.


„Освен физичка активност и здрава исхрана, повеќето работи не помагаат. Пробав и ботокс, но не ми се допаѓа како изгледа моето лице после тоа. Сега повеќе не го користам и повторно можам да го мрднам челото“, рекла таа.





Спонозорирани линкови

Маркетинг