Форс Индија е добро подготвена, смета Перез

КРУГ.МК

13/03/2017

19:30

731

Големина на фонт

а а а

Серхио Перез верува дека ВЏМ10 болидот на Форс Индија е добро подготвен за првата трка од сезоната. Мексиканецот мина дури 128 кругови на последниот ден од театирањето кога се работеше на финално подесување на болидот.

„Мислам дека сите сме подготвени за Мелбурн. Бевме добри неделава и остваривме неколку цели, особено во однос на километражата која ја комплетиравме. Научивме многу и разбравме каде можеме да се подобруваме. Работевме на се, кратки серии, долги серии и сетирање за да го разбереме болидот и да извлечеме колку што е можно повеќе перформанси од него. Минавме 128 кругови последниот ден со што ја завршивме предсезоната одлично и нетрпелив сум да стигнеме во Мелбурн“, објасни Мексиканецот.

Главниот инженер за трка на тимот, Том Мекулох е еднакво задоволен од сработеното во текот на двете недели предсезонски тест.

„Се на се имавме успешна втора недела тестирање, покажавме добра издржливоста и комплетиравме огромен дел од многу амбициозната тест програма со што многу добро ги разбравме пневматиците и ВЏМ10 болидот. Тоа што тестот беше подоцна од вообичаено многу ни помогна поради потоплото време и повисоката температура на асфалтот.

Прибравме многу пдоатоци и ќе ни треба многу време да ги обработиме поради што ни претстои напорна работа од сега до Мелбурн за да максимизираме се што имаме за првата трка од годината.

Огромно достигнвуање е да се дизајнира целосно нов болид и да се вози со него во текот на две недели со толку мали проблеми. Убедени сме дека ни претстои одлична сезона“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг