Осум цврсти докази дека вашиот партнер не ве цени

Точка

13/03/2017

17:07

4161

Големина на фонт

а а а

Ако вашиот партнер го препознаете во овие неколку точки, тогаш време е да го замените со подобар бидејќи очигледно не ве цени и почитува колку што еден маж би требал да си ја цени саканата избраничка

1. Нема време за вас.

Меѓутоа, тој некако секогаш успева да најде време за другите луѓе, за пријателите, за колегите и соработниците, а вашите заеднички планови ги пролонгира или откажува..

2. Никогаш не ви се заблагодарува.

Го сакате и се обидувате да му удоволите грижејќи се за него, му подготвувате појадок, ги готвите неговите омилени јадења, го ислушувате за проблемите на работа, му помагате низ дома, дозволувате тој да одлучи како ќе го поминете заедничкото време и генерално ги исполнувате неговите желби, а тој како да не ни забележува, ниту пак да се заблагодари. Се чини дека партнерот не го заслужува тој кралски третман.

3. Не бара совет од вас.

При донесување на одлуки не ве бара вас и вашето мислење иако тие одлуки би можеле да имаат влијание на вашата врска. На вас едноставно само ви е соопштена новата одлука која најверојатно ќе има последици и врз вашиот однос и живот. Ова навистина не е во ред.

4. Не го интересира вашето мислење.

Вие и тоа како имате право на глас за се' што се однесува на вашата врска, но тој ги занемарува вашите ставови, размислувања и емоции и се води по неговите. Па каде сте тргнале и двајцата?


5. Прави планови без вас.

Се враќа дома од работа и ви соопштува дека ќе одите на вечера со неговите пријатели, а не ве ни прашал дали имате време, дали сте слободни и дали воопшто ви се излегува надвор? Не само што не ве цени вас, не го цени ниту вашето време, и верува дека вие висите на закачалка и морате да му бидете секогаш на располагање.

6. Мрзлив е.

На вас ви ги препушта сите домашни обврски и не му ни паѓа на памет да заврши некоја домаќинска работа сам. Во здрава врска, обврските се делат на половина. Партнерот не треба да има ништо помалку домашни обврски од вас, а да не збориме за воопшто никакви. Не смеете да си дозволите да ве третира како домашна помошничка.

7. Мисли и се однесува како да е незаменлив.

Обожува да се фали колку е сјаен, колку е најдобар, колку најдобро размислува, колку требате да бидете среќни и благодарни што ја имате таа чест да бидете негова девојка. Верувајте, тој што навистина вреди не се однесува вака. Под ниво му е.

8. Ве изневерува.

Па ви треба ли поцврст доказ дека партнерот не само што не ве цени вам, не се цени ни самиот себе изневерувајќи ја личноста со која одлучил да биде? Оставете го веднаш. Тука нема простор за компромис.


Спонозорирани линкови

Маркетинг