Кога партнери се Levi's и Google, тогаш го добивате ова...

Точка

13/03/2017

17:00

5679

Големина на фонт

а а а

Брендот Levi's е синоним за „џинс“ веќе со децении - станува збор за престижен бренд кој што во светот на модата никогаш не загуби од својата вредност.

Сепак, очигледно е дека во оваа компанија се свесни дека „доаѓаат нови времиња“ и работите не можат да останат исти засекогаш. Имплементацијата на модерните технологии не значи отфрлање на традиционалните вредности, а тоа го потврдува најновиот проект на оваа компанија со технолошкиот гигант Google.

И кога ќе се спои бренд како Levi's со Google, тогаш јасно ни е дека се подготвува нешто посебно. Така, родена е паметната јакна која што пристигнува со прилично комплицирано име - Levi's® Commuter™ x Jacquard by Google Trucker Jacket.


Најавата на ова парче облека кое што ја спојува модата и технологијата се појави на Google I/O девелоперската конференција која што се одржа во мја минатата година. Паметната јакна го може истото што, на пример, го можат и паметните часовници.

Сепак, јакната на Levi's и Google изгледа добро, модерно и многумина велат дека е „единственото парче носива технологија кое што гордо ќе го носите“. Како сето тоа изгледа и што нуди оваа паметна јакна, погледнете на видеото.

Според последните информации, оваа јакна ќе се појави на пазарот на есен оваа година, а цената би требало да се движи околу 350 долари.



Спонозорирани линкови

Маркетинг