Дел Потро изведе нереален удар и ја крена на нозе публиката во Калифорнија

Дерби

13/03/2017

14:12

2.214

Големина на фонт

а а а

Хуан Мартин Дел Потро имаше доста проблеми да го скрши отпорот на својот сонародник Федерико Делбонис во второто коло на Индијан Велс, но откако го доби првиот сет во тајбрејкот, задачата му беше многу полесна во вториот сет кој го освои со 6:3.

Популарниот Делпо важи за еден од најомилените играчи меѓу верните фанови на тенисот, не само поради харизмата и ферплејот, туку и поради офанзивниот тенис кој го практикува и феноменалните удари кои често ги презентира на големите турнири.

Аргентинецот успеа да ја шармира публиката на Индијан Велс уште на својот прв настап на турнирот во Калифорнија, а прчина за тоа беше нереалниот твинер лоб кој го изведе, а со кој го остави без одговор Делбонис.



Спонозорирани линкови

Маркетинг