Погледнете го грозоморното видео кое го доловува вистинскиот ужас на семејно насилство

Точка

13/03/2017

13:55

13.968

Големина на фонт

а а а

Жената која претрпувала ужасни напади од рацете на својот партнер даде дозвола да се сподели шокантното видео на интернет со цел да се подигне свесноста и кај другите жртви на семејно насилство кои не се доволно храбри да се соочат и да ги пријават насилниците.

Во ова вознемирувачко видео од случај на семејно насилство, жената останала осакатена за цел живот откако нејзиниот партнер Марк Павер ја фрлил три пати долу по скалите.

Снимките го прикажуваат како ја клоца и ја удира пред да започне да ја влече за коса во десетминутното насилство.



Павер, 37, сега е во затвор осуден на десет ипол годинии за нападот кој се случил во Ердингтон, Бирмингем.


Полицијата се надева дека видеото ќе го "подигне капакот од невидливиот свет на семејно насилство".

Детективот Мет Хатчинсон изјави: "Се надевам дека ова видео ќе им помогне на луѓето да ги разберат вистинските опасности од семејно насилство и колку брутално тоа може да биде за некој кој е повреден од својот партнер.."

"Во овој случај жртвата покажа вистинска храброст во соработката со полицијата за да помогне да се подигне свеста за ова прашање и да охрабри повеќе жртви да ги пријават насилниците доколку се наоѓаат во слична ситуација. Потребна е неверојатна храброст и решителност за жртвата на домашно насилство да заземе став против некој кој е контролирачки или насилен кон неа и конечно да го разбие циклусот на насилна, опасна врска."


"Сите премногу често ги гледаме последиците од семејно насилство и трајното влијание кое тоа може да го има врз жртвата, како и врз останатите членови на семејството. Често, насилниците прават се што можат за да ја намалат самодовербата на своите партнери со цел да изградат некое ниво на зависност на жртвата од нив кое предизвикува да чувствувате страв да ја прекинете врската - ваквите случаи се многу побројни отколку што се физичките напади, а менталната штета може да продолжи понатаму и да нанесува сериозни последици по менталното здравје доколу жртвите не зборуваат за ова. Справувањето со секој облик на семејно насилство е главен приоритет за нас и ние работиме напорно да ги воочиме знаците на насилство уште во почетокот за да можеме да соработуваме со жртвите и да им помогнеме на оние кои се засегнати."


Спонозорирани линкови

Маркетинг