Вардар директно меѓу најдобрите осум, Кил и Рајн Некар осминафинално дерби

Макфакс

13/03/2017

12:52

757

Големина на фонт

а а а

Вардар и Барселона се двата тима кои директно се пласираа во четвртфиналето, во ракометната Лига на шампиони. Барселона ја освои Групата А, а Вардар заврши на првата позиција во Б групата.

Победниците во Групите А и Б, Барселона и Вардар, ќе го „прескокнат“ осминафиналето кое нуди една германска и една француска пресметка.

Дуелот на бундеслигашите Кил и Рајн Некар Ловен привлекува најголемо внимание во борбата за четвртфинале. Осминафиналето нуди и француска пресметка во која ПСЖ е фаворит против Нант, идниот клуб на Кире Лазров.

Веспрем не би требало да има проблеми со ППД Загреб, кој до 16-те најдобри стигна благодарение на победата на Вардар над Кристијанштад.

Монпелје стои на патот до четвртфиналето на европскиот првак Кјелце, додека Силкеборг ќе игра двомеч со ПИК Сегед.

Првите осминафинални мечеви во Лигата на шампионите ќе се одиграат во периодот од 22-ри до 26-ти март, а реваншите во периодот од 29-ти март до 2-ри април.


Спонозорирани линкови

Маркетинг