Морничава повреда на Горан Драгиќ

Макфакс

13/03/2017

12:16

1.285

Големина на фонт

а а а

Најдобриот кошаркар на Словенија, Горан Драгиќ, изминатата ноќ не беше во можност да му помогне на својот тим Мајами кој загуби од Индијана 102:98. Драгиќ на претходниот натпревар против Торонто го повреди окото.

Словенецот Горан Драгиќ, на натпреварот против Торонто доби удар во окото од противничкиот играч Кори Џозеф, а фотографијата која ја објави на социјалните мрежи само ја потврдува сериозноста на повредата. Драгиќ поради оток не може да гледа на десното око.



„Ништо не гледам на десното око, целосно е затворено. Не можев да претпоставам дека ќе биде толку лошо. По прегледот докторот рече дека сè ќе биде во ред. Ќе мора да бидам под терапија, за среќа не чувствувам никаква болка“, рекол Драгиќ.


Спонозорирани линкови

Маркетинг