Анџелина Џоли направила нешто навистина глупаво обидувајќи се да го спаси бракот со Бред Пит

Точка

13/03/2017

11:30

11.153

Големина на фонт

а а а

На интернет се појавија досега невидени фотографии од Анџелина Џоли, направени неколку месеци пред разводот кои би требало да ја зацврстат нејзината врска со Бред Пит.

Познатиот "tattoo" артист Ајарн Ну Канпаи летал од Бангкок до Сием Рип во Камбоџа кадешто таа снимала филм за да ја тетовира. Мистичното мастило било нанесено употребувајќи челични прачки на кои е монтирана хируршка игла од челик правејќи ја тетоважата попрецизна отколку на обичниот начин, но исто така и многу поболна.


Според Sunday Mirror, трите Сак Јант тетоважи биле нацртани на нејзиниот грб додека нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит истетовирал будистички симбол на стомакот.

Фотографиите биле направени додека Анџелина Џоли го режирала филмот "First They Killed My Father" во февруари минатата година.


Двата дизајни на тетоважите требало "да ги поврзат како маж и жена симболично", но нивниот брак се распадна само неколку месеци подоцна. Тие се разделија во септември 2016-та.



Анџелина Џоли "собира" тетоважи уште од своите тинејџерски денови па до сега има повеќе од 15, а нејзиниот омилен "tattoo" артист е поранешниот тајландски монах Ајарн Ну Канапаи.





Спонозорирани линкови

Маркетинг