Харден му пресуди на Кливленд, Шариќ блескаше во ЛА

Макфакс

13/03/2017

11:17

469

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Хјустон, Бостон, Бруклин, Портланд и Филаделфија забележаа победи изминатата ноќ во НБА лигата.

Хјустон во дербито славеше над Кливленд 117:112. Блескаше Џејмс Харден кој го запиша 16-от трипл-дабл во сезоната (38 поени, 10 скокови, 11 асистенции). Бекот на Хјустон на 30 натпревари сезонава има постигнато најмалку 30 поени.

Леброн Џејмс со 30 и Кајри Ирвинг со 28 поени го предводеа Кливленд. Актуелниот шампион загуби на четири од последните пет натпревари.



Бруклин против Њујорк победи 120:112 и го запиша првиот триумф на домашен терен во 2017 година. Последен пат Бруклин како домаќин победил на 26-ти декември минатата година, а против Њујорк ја прекина серијата од 16 порази пред своја публика.

Најефикасен во тимот на Бруклин беше Брук Лопез со 25 поени, додека на спротивната страна Кармело Ентони постигна два поени повеќе.

Филалделфија победи во Лос Анџелес 118:116. Против Лејкерси во „Стејпс центар“ блескаше Дарио Шариќ кој постигна рекордни во кариерата 29 поени, вклучувајќи ги и последните четири на мечот.



Пол Џорџ со 28 поени и 10 скокови ја предводеше Индијана до победата над Мајами 102:98. Кај Мајами Хасан Вајтсајд имаше неверојатен учинок од 26 поени и 21 скок.

Демијан Лилард постигна 39 поени, 28 од нив во првото полувреме, во победата на Портланд над Феникс 110:101. Девин Букер беше најефикасниот играч на Феникс со 28 поени.


Спонозорирани линкови

Маркетинг