Хумелс спаси чист гол со брилијантна реакција и го воодушеви Нојер

Дерби

11/03/2017

18:18

2.742

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен на крајот доста рутинирано славеше со 3:0 во пресметката со Ајнтрахт Франкфурт, но дека фаворизираниот состав и тоа како се мачеше во првото полувреме најдобар доказ ни е колосалната шанса која ја имаа гостите во 18-та минута.

Напаѓачот Хргота излезе очи в очи со противничкиот голман Мануел Нојер а откако се доби впечаток дека ќе има лесна задача да ја смести топката во мрежа, од позадина се појави Матс Хумелс кој со пожртвуван и брилијантен старт спаси чист гол и го воодушеви својот голман кој остана импресиониран од неговата реакција.




Спонозорирани линкови

Маркетинг