"Ова е одвратно, како не ви е срам?!" Дали и вие забележувате што не е во ред со жените на рекламата на Гарниер?

Точка

11/03/2017

15:15

10.599

Големина на фонт

а а а

Козметичкиот гигант Гарниер се најде на удар од сите страни откако ја започна новата кампања. Проблемот со неа е што прикажува само слаби, бели жени од средната класа.

Но да почнеме од почеток. Познатиот козметички бренд лансираше нова кампања во средата на Твитер, споделувајќи со своите пријатели фотографии од своите избранички за кампањата меѓу кои се најдоа ТВ водителката Davina McCall, Holly Willoughby и Fearne Cotton, облечени во тексас.

"Ние сме силни, ние сме амбициозни, ние сме супер (и во тексас и горе и доле). Ние сме жени, ние сме Гарниер", порачуваат тие, а на јавната публика не и' требало многу за да сфати што всушност они не се - друга раса или од друг социјален статус.

"Навистина се надевам дека оваа срамота ќе доведе до промени и разновидност во вашите следни кампањи. Ова едноставно не е добро", е само еден од многуте коментари.

"Ова е лудо, но луди се и тие што се согласиле да бидат дел од оваа органичена кампања. Зошто некој би сакал да се поисоветува само со нив?!", напишал еден корисник на Твитер.


"Замислете свет во кој сте опкружени само со бели, слаби жени од средната класа кои се хетеросексуалки", напишала уште една девојка..

По ваквите реакции, Гарниер возвратиле:

"Овие брилијантни жени се избрани да го претставуваат нашиот бренд поради тоа кои се тие самите, поради вредностите кои ги застапуваат, работите во кои веруваат, не поради тоа како изгледаат. Навистина ни значи вашата реакција и го цениме тоа. Останете со нас, ве сакаме" - напишале на Твитер.






Овој обид да се поправи штетата само предизвика уште побурни реакции од корисниците, кои би сакале да знаат зошто жените од другите раси не би можеле да ги претставуваат тие вредности.

"За следната кампања запомнете - различната боја на коса не се брои како разновидност, жените од целиот свет се премногу различни, некои носат хиџаб, некои се со посебни потреби, некои се постари, други помлади и не носат сите број 38 на фармерки. Ова е лажно претставување на "жените од светот" кога веќе така се изразувате. Млади, бели, слабички сметате дека ги претставуваат сите жени од светот?" се само некои од коментарите.



Спонозорирани линкови

Маркетинг