Полицијата сопрела такси, а кога го отвориле багажникот се шокирале: Вакво нешто не сме виделе со децении

Точка

11/03/2017

14:47

15.105

Големина на фонт

а а а

Косово веќе некое време го следи статус на шверцерски рај, а тамошната полиција на границата сопрела пратка која ја изненадила пограничната полиција и цариниците.

Во петокот, на косовско-албанската граница било сопрено такси во кое биле пронајдени повеќе од 2 милиони евра во лажни банкноти.

Во багажникот на таксито во кое имало двајца мажи, Камерунец и Албанец, полицијата открила торба преполна со лажни банкноти и апоени од 50 евра, 100 евра, 200 евра и 500 евра.

Покрај лажните пари пронајдени биле листови хартија со големина на банкноти, како и хемикалии потребни за печатење на истите.


Властите велат дека станува збор за најголема заплена во последните неколку децении.

Запленети биле и два камерунски пасоши, како и дозвола за престој во Франција.

Оваа заплена не е најголема во регионот. Во Бугарија во ноември биле откриени 13 милиони лажни евра во банкноти од 500 евра.




Спонозорирани линкови

Маркетинг