Заљубени во "смртници": Од обична келнерка љубовта ја воведе во високото друштво

Точка

11/03/2017

13:47

10118

Големина на фонт

а а а

Иако не се славни и познати, среќата им се насмевнала и на нив.

Кога би кажале дека богатите и славните бараат и токму такви партнери, би се излажале. Во овие неколку случаи можеме да кажеме дека спротивностите се привлекуваат. Ѕвездите си ги наоѓаат своите сродни души и во "обичните, нормални смртници" ..

Matt Damon & Luciana Barroso

Славниот американски актер ја запознал љубовта на својот живот во 2003-та година додека таа работела како келнерка, а судбоносното "ДА" го кажале само две години подоцна.



Scarlett Johansson & Romain Dauriac

Русокосата убавица стапи во брак со новинарот Ромен Дауриак пред две години. Иако изгледаа како среќен и хармоничен пар оваа година ја шокираа јавноста со нивната разделба. Тие се разделиле уште минатото лето, но во тајност, открива извор за магазинот People. Актерката во Њујорк била забележна и без својот венчален прстен на рака.





Reese Witherspoon & Jim Toth

Рис го запозна ловецот на таленти Џим Тот и се омажи за него во 2011-та година. Познатата актерка и нејзиниот сопруг обожуваат јавно да покажуваат колку им е убаво во бракот, па така на доделувањето на наградите Critics' Choice цела вечер си разменувале нежност и бакнежи.




Meryl Streep & Don Gummer

Легендарната актерка со нејзиниот сопруг скулптор е во брак уште од далечната 1978-ма година. Во една прилика таа изјави дека е среќна жена и дека за тоа е заслужен само нејзиниот сопруг. "Ти ми го даде она што најмногу го ценам во нашиот живот", изјавила романтичната Стрип.




Prince William & Kate Middleton

Војвотката од Кембриџ некогаш беше само една обична девојка. Модерната "Пепелашка" успешно го пронајде својот Принц, а ниту принц Хари не остана имун на нејзиниот шарм.



Спонозорирани линкови

Маркетинг