Сериозно предупредување: Русија е сè посилна на Балканот, можен е вооружен судир...

Точка

11/03/2017

12:47

15.856

Големина на фонт

а а а

Германскиот политичар Дејвид МекАлистер тврди дека не е исклучено на подрачјето на Западен Балкан повторно да дојде до вооружен конфликт.

Членот на германската владеачка партија "CDU", за германски "Die Zeit" изјави дека Европската унија во догледно време нема да прима нови земји членки, но е заинтересирана земјите од Западниот Балкан да бидат политички и економски стабилни.

„За влегување во Европската унија овие земји мораат целосно да ги исполнат правните, политичките и економските услови. До тогаш, долг е патот на овие земји кандидати за членство во Европската унија“, изјави МекАлистер.


„Политичката ситуација е комплицирана. Македонија е прогонета од големи коруптивни скандали од блиско минато. Неодамнешната одлука на македонскиот претседател да не му го даде мандатот на пратеничкото мнозинство е многу загрижувачка. Во БиХ секогаш има тензии помеѓу Бошњаците, Хрватите и Србите, а политичкиот систем е тешко да биде реформиран. Во Албанија опозицијата го бојкотира парламентот. Преговорите помеѓу Србија и Косово стагнираат. Во Црна Гора беше спречен обид за државен удар на денот на парламентарните избори“, изјави тој и додаде:

„Има многу огнови кои што горат во регионот. Сепак, истовремено има и добри вести. Се применуваат важни реформи за зајакнување на владеењето на законите, економијата расте и иницијативите за регионална соработка се добро применети“, изјави МекАлистер во големото интервју.

Тој смета дека ЕУ не го занемарила регионот, туку напротив, токму ЕУ вложува милијарди евра, посредува во преговорите, а Германија и започнала Балканска иницијатива, соработка на подрачјето на транспортот, енергијата и размената на млади.


Покрај тоа, тој додава дека руската улога на Балканот и тоа како зајакнала.

„Се прават дезинформациски кампањи и акции кои што имаат за цел да се промовира одредено расположение и се испраќаат одредени слики. Помеѓу 2007-ма и 2014-та година, над 1,3 милијарди евра европски средства наменети за Западен Балкан им се дадени на Србите. Истражувањата покажуваат дека поголемиот дел од Србите претпоставуваат дека нивниот најголем поддржувач е Русија. Тоа не е случајност“, изјави тој.

„Вооружените конфликти на Балканот не се исклучени. Во тој регион една мала искра може да предизвика избувнување на голем пожар“, заклучи МекАлистер.


Спонозорирани линкови

Маркетинг