Поголем нос, темна коса... Еве како изгледала Иванка Трамп порано

Точка

10/03/2017

22:03

10.592

Големина на фонт

а а а

Би било лага да се каже дека Иванка Трамп не е прекрасна жена, но судејќи по нејзините стари фотографии, таа немала отсекогаш толку складни црти на лицето.

Со оглед на тоа што пораснала под светлата на рефлекторите поради љубовта на нејзините родители, Доналд и Ивана Трамп, се појавија нејзини стари фотки од времето кога била бринета и со малку поголем нос од тој што го има денес.


На фотките од нејзините тинејџерски денови се гледа и дека нејзиниот нос имал поинаква форма отколку денес, а многумина тврдат и дека вградила импланти во брадата за да ја промени нејзината форма и дека ставила филери во образите. Секако, тоа се се` шпекулации и можно е на нејзиниот изглед да влијаел честото оправдување на познатите – пубертетот.


Сепак, ако Иванка се подложила на естетски операции, очигледно е дека се водела од примерот на нејзината маќеа Меланија и сето тоа го направила умерено.



Спонозорирани линкови

Маркетинг