Дали се сериозни? Џерард Батлер ќе се бори против злобни бури

Точка

10/03/2017

19:38

4.220

Големина на фонт

а а а

Има некои актери кои необјасниво ќе остават белег на филмското платно, а потоа ќе потонат во заборав и чудни филмови. Еден од нив е и Џерард Батлер.

Џерард Батлер, кој од релативно успешен актер во последните десет години стана главен актер во „понеуспешниот“ дел на А продукцијата, уште еднаш ќе настапи во филм кој најдобро се опишува со трепкање во неверица.


Имено, Батлер на крајот од октомври ќе се појави во филмот „Geostorm“, кој иако изгледа како да го замислило студиото Asylum (едно од најлошите продукциски студија во историјата), сепак доаѓа од студио со некаква репутација.

Самото дејство на филмот се граничи со лудило, но и понатаму ви го пренесуваме сижето, за да видите за каков чуден филм станува збор.

„Додека еден маж се упатува во вселената за да ги спречи сателитите кои го контролираат времето да создадат бура од епски пропорции, неговиот брат открива заговор за извршување на атентат на претседателот на САД“, пишува во бесмислениот опис на филмот.



Во главната улога се наоѓа веќе споменатиот Батлер, а му се придружуваат Џим Струргес, Еби Корниш, Александра Марија Лара, Даниел Ву, Ед Харис и Енди Гарсија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг