Додека татко им бил во живо, децата предизвикале комедија среде јавување

Точка

10/03/2017

20:42

4.811

Големина на фонт

а а а

Иако децата брзо биле отстранети од кадарот, во меѓувреме станаа дел од богатата историја на ЈуТјуб.

Повлекувањето на јужнокорејската претседателка Парк Геун Хје е една од главните теми денеска, па во тоа име уредниците на телевизијата БиБиСи го замолиле за коментар Роберт Кели, професор за политички науки на Универзитетот во Бусан.

Кели со задоволство го прифатил повикот, но истото го направиле и неговите деца кои упаднале во работната соба на нивниот татко токму во тој момент.

Децата набрзо биле отстранети од кадарот, но снимката сепак стана вистински хит на ЈуТјуб, чии корисници не пропуштаат да објават вакви необични ситуации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг