Чуда на природата кои повеќе не постојат

Точка

10/03/2017

18:37

4.929

Големина на фонт

а а а

Славниот Азурен прозорец на Малта се урнал поради силно невреме на 8-ми март. За жал, ова не е првото чудо на природата кое се претворило во прав.

Во продолжение ви претставуваме неколку природни знаменитости кои, за жал, повеќе ги нема.


Лак на плажата Легзира, Мароко

Еден од двата камења на лакот на плажата Легзира на атлантскиот брег на Мароко се урнал во септември минатата година. Се` што останало од него е куп црвен камен.


Легзира, која многумина ја сметаат за една од најубавите плажи во светот, беше позната по своите камени формации кои ги привлекуваа туристите од целиот свет. Не е познато што го предизвикало рушењето, но ерозијата, која траела милиони години, била најважниот фактор.

Другиот, поголем лак, и понатаму е на плажата.

Дрвото тунел

Силно невреме во Калифорнија го срушило старото дрво кое пред повеќе од еден век било претворено во тунел.


Тунелот “Pioneer Cabin Tree” во паркот Калаверас бил премин за автомобили и коњи, но од неодамна само на пешаците им било дозволено да поминуваат низ неговата утроба. Меѓутоа, тунелот повеќе не постои, бидејќи го уништило силно невреме кое ја погодило Калифорнија и Невада во јануари оваа година.

Езерото Попо

Ова големо солено езеро во плитката депресија во планините Алтиплано во Боливија покривало површина од околу 1.000 кивадратни километри. Езерото сосема се исушило до декември 2015 година, оставајќи зад себе само неколку мучуришни области. Иако тоа се случувало и порано, овој пат езерото нема да се врати.


Се шпекулира дека до ова повлекување придонело топењето на глечерите на Андите и губењето на нивната вода, кое довело до долги суши. Исто така, и постојаното наводнување и употреба на води за пречистување на рудите придонеле за оваа катастрофа.


Ѕиден лак

Ѕидниот лак, природен песочен лак во Националниот парк Арчес во Јута (САД), се урнал во 2008 година.


Тој лак во највисоката точка бил 22 метри оддалечен од земјата, а бил широк 10 метри. Ѕидот се урнал во ноќта на 4-ти август 2008 година и привремено ја блокирал Патеката на ѓаволската градина.


Спонозорирани линкови

Маркетинг