Мистериозни бродови пристигнуваат во Европа: Никој не знае кој ги испраќа, што носат, а радарите не ги регистрираат!

Точка

10/03/2017

20:11

22.000

Големина на фонт

а а а

Товарните бродови кои „патуваат во магла“ по европските води би можеле да служат за шверц на оружје, дрога и луѓе, а водечки експерти предупредуваат дека можат да бидат и терористичка закана.

Бројките собрани од страна на поморската аналитичка компанија „Windward“ од јануари и февруари велат дека 40 бродови пристигнале до Велика Британија од Либија, и тоа од областа каде што се наоѓа северноафриканскиот огранок на Исламската држава.


Претходно, 20 бродови поминале низ либиските и сириските води. Секој од 60-те бродови престанувал да ја емитува својата локација за време на патувањето.

Во исто време, „Windward“ тврди дека бродови од други домашни пристаништа патувале 2.850 пати пред да влезат во европските води, додека 45 стигнале до Велика Британија, а не биле следени во претходните 24 часа, пишува „Daily Mail”.


Околу 300 бродови стигнале во европските води со неважечки транспортни документи, а 50 од нив дошле до Велика Британија.

„Постои реална загриженост поради она што се случува во морето. Тоа мора да се истражи“, рекол еден поранешен шеф на кралската морнарица за „Times”.

Извори блиски до весникот рекле дека е невозможно да се анализира толкав голем број на бродови со постоечките ресурси.


Кога бродот ќе се исклучи, неговото следење станува практично невозможно, освен ако сателитот е насочен на него помеѓу стотици други бродови на прометниот морски сообраќај.

Друг извор од поморскиот разузнавачки центар за „Times” рекол дека тоа што Велика Британија е остров ја отежнува можноста за контрола, бидејќи тоа би значело дека патроли мора да има буквално насекаде.


Спонозорирани линкови

Маркетинг