Сака разголени фотки: Кејт Мос има провокативна полусестра

Точка

10/03/2017

19:06

4640

Големина на фонт

а а а

Лоти Мос брзо напредува во светот на модата како манекенка, а сега ги открила и магиите на социјалните мрежи на кои објавува провокативни фотографии и видеа.

19 – годишната Лоти Мос објавила кратка снимка „зад кулисите“ на едно снимање. Шминкерката нанесувала боја на голото тело на атрактивната манекенка. Помладата сестра на супермоделот Кејт Мос ги сокрила градите со рацете, а на себе имала гаќички во боја на кожата.


„Едвај чекам да видите како ќе испадне оваа боја. Животот на моделите“, напишала младата манекенка и додала фотографии на кои ги истакнала голите гради.


Лоти неодамна учествувала на Модната недела во Париз, каде што ги носела ревиите на најпрестижните модни куќи.


Модните агенти за прв пат ја забележале Лоти на венчавката на Кејт Мос и Џејми Хинс, кога имала само 13 години. Потоа потпишала договор со агенцијата со која се прослави нејзината сестра.


Младата манекенка е ќерка на таткото на Кејт, Питер, кој ја добил со втората сопруга, Игнер Солнордал.


Спонозорирани линкови

Маркетинг