Нов рекорд на тестирањата од Кими Раиконен

КРУГ.МК

10/03/2017

18:00

2.251

Големина на фонт

а а а

Во 4 часови во кои имаше 4 црвени знамиња, Кими Раиконен од Ферари го постави најбрзото време и го сруши вчерашниот рекорд на тестирањата, поставен од неговиот колега Себастијан Ветел.

Финецот е прв кој на овие тестирања возеше побрзо од 1 минута и 19 секунди, а неговото време беше за големи 8 десетинки побрзо од второт постигнување денеска, псотавено од Макс Верстапен. Само тие двајца беа во помалку од секунда расојание.

Третото време му припадна на Карлос Саинз од Торо Росо кој беше за само 8 илјадитинки побрз од Валтери Ботас, а 4 стотинки од возачот на Мерцедес беше Рено-то на Хулкенберг.

Фернандо Алонсо едвај комплетираше 19 кругови и беше кривец за две црвени знамиња, а Роман Гросжан успеа да изврти 44 кругови и тој предизвика 2 црвени знамиња.

Маркус Ериксон со Заубер имаше дури 59 минати кругови, 6 повеќе од Валтери Ботас.


Спонозорирани линкови

Маркетинг