Лауда не е целосно задоволен

КРУГ.МК

10/03/2017

15:54

869

Големина на фонт

а а а

Ники Лауда признава дека некои од подобрувањата и новините кои ги донесе Мерцедес на вториот тест не се покажале добро и останува тимот напорно да работи во пресрет на трката во Мелбурн.

Иако германците често беа најбрзи во сесиите, Ферари многу често им парираше, а Ветел го псотави и најбрзото време на двата тренинзи до сега и се сметаат за фаворити во пресрет на сезоната.

Лауда кој е Неизвршен претседател на Мерцедес објасни дека новите компоненти не ги дале очекуваните перформанси и дека очекуваат многу од последниот ден за тест.

„Лично не сум многу среќен. Тестиравме неколку новини кои не работеа како што очекувавме и поради тоа треба да ги тестираме одново последниот ден. Мораме дополнително да менуваме за да разбереме како болдот се движи на патеката на најбрз можен начин. Сепак, сигурен сум дека овие проблеми можеме да ги решиме до Мелбурн“, изјави Лауда.

Австриецот останува оптимист за претстојната сезона, но тврди дека на “сребрените“ нема да им биде толку лесно како претходните години.

„Мислам дека никој не може да каже каков е распоредот на силите. Мислам дека на Мерцедес му претстои тешка година, но оптимист сум и сигурен сум дека ќе дадеме се од себе. Првите три трки ќе ни дадат идеа која екипа колку сработиле, а потоа ќе добиеме идеа како да се спротистаавиме.

Мислам дека Ферари, Мерцедес и Ред Бул се блиску едни до други, можеби во 2-3 десетинки, така што гридот се зби што е одлично за добри трки и одлична вест за сезоната“.

Лауда истакна дека е задоволен од начинот на кој Валтери Ботас се вклопи во тимот иако верува дека неговата брзиан во долгите серии треба да се подобри.

„Валтери е многу поблиску до Луис на квалификациски кругови, таму му недостасуваат во моментов 2 десетинки што е добро, но мора да работи на долги серии. Сепак, да не заборавиме дека за прв пат вози за Мерцедес. Мора да работи и учи нови работи, но засега морам да кажам дека сме презадоволни со него“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг