Открила зошто аплаудира на тој начин: "Беше многу непријатно"

Точка

10/03/2017

13:11

9.708

Големина на фонт

а а а

Никол Кидман конечно ја објаснила причината за нејзината бизарна техника на аплаудирање.

Откако Никол Кидман станала предмет на исмејување на доделувањето на овогодишните Оскари, поради својот чуден начин на ракоплескање, конечно ја открила вистинската причина за бизарната техника.



Во интервјуто кое го дала за радио K I I S FMs, филмската ѕвезда признала дека не сакала да го уништи скапоцениот накит кој го носела, пишува Mirror.


"Бев преплашена дека ќе го оштетам", рекла Никол и додала дека воопшто не и било лесно. "


Беше многу непријатно, и си мислев, Боже, навистина сакам да аплаудирам. Не сакав само да седам таму со рацете во скут. Сигурно сите би се прашувале зошто не аплаудирам, а тоа ќе беше уште полошо, зар не?", се правдала Никол.


"Затоа тоа изгледаше како што изгледаше, и беше многу тешко бидејќи прстенот е огромен, скап и прекрасен. Но, не е мој, и затоа се плашев дека ќе го оштетам", признала Кидман.


Дијамантскиот прстен "Harry Winston", кој славната актерка го имала на раката има 119 карати.


Спонзорирани линкови

Маркетинг