Протече снимка од тајно оружје на Американците: Дали војниците навистина се опремени со ваква технологија?

Точка

10/03/2017

10:33

12.452

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат западните медиуми, снимката и претходно се појавила на интернет, меѓутоа во неколку наврати била избришана.

Снимката прикажува како еден американски војник трча и едноставно исчезнува. Воените аналитичари се сомневаат дека американските војници навистина се опремени со ваква опрема, но исто така многумина не ја исклучуваат можноста за употреба на „невидливата наметка“.

Во неколку наврати се појавија информации дека американската армија тестира технологија која што со посебни камери ја рефлектира позадината и сликата се емитува на екрани и на тој начин објектот кој што е прекриен со наметката станува „невидлив“.

Иако постојат разни теории на заговор, воените аналитичари се резервирани во врска со ова прашање и многумина тврдат дека тоа се обични измислици.



Спонозорирани линкови

Маркетинг