Нема возбуда ниту потреба за секс: Еве како живеат асексуалците

Точка

09/03/2017

21:00

5.618

Големина на фонт

а а а

Нема сомнеж дека живееме во високо сексуализирано општество во кое сексот продава, порнографијата е насекаде околу нас, а физичката привлечност е неопходен аспект од овој модерен концепт.

Но, постојат и луѓе на кои ваквото окружување воопшто не им одговара ниту им ги буди сетилата, а една таква приказна раскажала асексуалната 28 – годишна Симон за британски „Cosmopolitan“.

„Некој кој е асексуален, не чувствува физичка привлечност“, започнала Симон со приказната. „Кога зборуваме за сексуална желба или нагон, тоа варира од личност до личност. Така, некои асексуални личности велат дека не чувствуваат апсолутно никаков сексуален нагон, додека други велат дека го чувствуваат, но тоа е како да сте гладни, но ништо не ви се јаде.“


Симон никогаш немала секс, но била во куси врски во кои се чувствувала како тоа да не е за неа. Иако вели дека повеќето нејзини асексуални пријатели се во врски. Сигурно се прашувате како функционира тоа?

„Во внатрешноста на нашата асексуална заедница, сакаме да кажеме дека луѓето имаат романтични чувства и покрај недостатокот на сексуални чувства.“

Таа вели дека долго време ја негирала својата асексуалност и мислела дека тоа е нешто што ќе може да го промени. Не смета дека тоа и` претставува некаква бариера, бидејќи е среќна и без партнер. Но, отворена е за идни потенцијални врски. Таа вели дека би била во врска поради чувството на безбедност и практичност, но со некој кој размислува и се чувствува како неа.

После првите неколку состаноци со момци на кои не се чувствувала пријатно, прво помислила дека е лезбејка, но бидејќи не чувствувала физичка привлечност ни кон жените, долго време не можела да си ги оправда своите чувства, односно недостатокот на истите.


Дури кога отишла на факултет, поблиску се запознала со поимот асексуалност и се препознала во таа заедница.

„Работите можеби ќе се променат, но јас навистина би сакала луѓето едноставно да прифатат дека постојат вакви работи“, рекла таа мислејќи на тоа што постојано ја прашувале дали мисли дека ќе биде асексуална до крајот на животот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг