Backstreet Boys се вратија! Популарниот бој бенд се врати на Billboard Hot 100 листата за прв пат од 2007 година

Точка

09/03/2017

19:36

3738

Големина на фонт

а а а

Омилениот бој бенд од 90-тите години се врати на топ листата со заедничката песна со групата Florida Georgia Line насловена "God, Your Mama, And Me".

Backstreet Boys се вратија на листата Billboard Hot 100 за прв пат од 2007 година со заедничката песна со групата Florida Georgia Line која е насловена како "God, Your Mama, And Me". Песната дебитираше на 92-рото место на топ листата.



Backstreet Boys последен пат се најдоа на листата со песната "Inconsolable", која се најде на 86-тото место во септември 2007 година. Новата соработка на Backstreet Boys е нивниот 17-ти хит на Billboard Hot 100.

„Соработката со Backstreet Boys во песната беше нешто за што визиониравме во студиото додека ја снимавме“, вели Тајлер Хубард од дуото Florida Georgia Line. „Тоа што навистина успеавме да ја реализираме соработката беше фантастично. Навистина ја однесе песната на едно сосема ново ниво.“


„Јас сум татко на две момчиња, па ми се допаѓа тоа што песната може да има две значења. Може да зборувате за вашите деца или за вашиот партнер. Мислам дека песната е поетска и дека има одлична мелодија“, вели Кевин Ричардсон од Backstreet Boys.


Спонозорирани линкови

Маркетинг