На нејзината убавина се воодушевуваа многубројните гледачи: Заносната Руби денес изгледа сосема поразлично

Точка

09/03/2017

22:00

9.868

Големина на фонт

а а а

Поминаа 13 години од прикажувањето на популарната серија „Руби“ во која Барбара Мори ја глумеше главната улога. Атрактивната актерка неодамна го прославила својот 39-ти роденден. Таа е подеднакво убава како и порано, но една работа во нејзиниот изглед е сосема поинаква. Зборуваме за нејзината коса.

Руби станала русокоса! Во популарната серија, која беше многу популарна во нашата земја, Барбара беше бринета – манипулативна и неверојатно атрактивна, подготвена на сè за да стане богата.


Барбара како русокоса неодамна учествувала во една модна кампања. А, како ѝ стои новата боја на косата покажува ова селфи. Мора да признаеме дека и како русокоса изгледа неверојатно заносно.


Барбара Мори, која по потекло е од Уругвај и која освен глумата се занимава и со пишување, продуцирање и манекенство, е една од најубавите латиноамерикански актерки.


Првата љубов на Барбара била манекенството во чии води влегла во деведесеттите години. Улогата на Руби била значајна во нејзината кариера, а после неа глумела во многу латино серии, како и во странски филмски остварувања, од мексиканска до американска продукција.


Барбара во својот живот доживеала многу успеси, но и голема животна драма. Славната актерка го победила ракот на дојката (болеста ѝ била дијагностицирана во ран стадиум), а денес отворено зборува за пребродената болест.




Спонозорирани линкови

Маркетинг