Електрониката денес го мачи Мекларен

КРУГ.МК

09/03/2017

19:00

849

Големина на фонт

а а а

Хонда потврди дека проблеми со електрониката на два пати го запреле МЦЛ32 болидот кој денеска го управуваше Стофел Вандорн во текот на утринските 4 часа од денешниот тест.

Болидот застана 45 минути пред паузата за ручек, но брзо беше оспособен и вратен на патеката во текот на последните 10 минути од сесијата. Сепак, повторно застана на свиокот број 10 и предизвика предвремен крај на првите 4 часа.

„Проблем со електрониката два пати го сопре болидот на патеката. Сеуште не ја знаеме причината, но го вративме болидот во гаражата на дополнително испитување“, соопштија од Хонда.

Пред два дена, Стофел повторно имаше проблем со електрониката, додека вчера Фернандо Алонсо мака мачеше со силата од моторот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг