Хамилтон сè уште ужива во работата

КРУГ.МК

09/03/2017

16:28

735

Големина на фонт

а а а

Мерцедес повторно беше рекордер по бројот на кругови на вториот ден од вториот тест, а во болидот како и сите претходни денови се менуваа Хамилтон и Ботас.

Попладнето Луис работеше на сетирање и прибирање на податоци за пневматиците на Пирели минувајќи 20 кругови на софт компонентата правејќи средна симулација на трка.

„Добар ден без никакви проблеми. Ни претстои уште многу работа, но гледано во целина ова беше продуктивен ден за екипата.

Формула 1 е секогаш забавна, болидите се секогаш неверојатни, но овој болид е побрз и поголем предизвик за да се извлече колку што е можно повеќе од него. Јас обожавам да го правам тоа.

Одлично е да се видат фновите со нивните банери на трибините попладнево и премногу сум благодарен на сите што дојдоа да не поддржат“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг