Поубава и поквалитетна: Погледнете како изгледа новата Сеат Ибица

Точка

09/03/2017

19:00

2955

Големина на фонт

а а а

Петтата генерација на Сеат Ибица која што е развиена во Барселона според многумина очигледно прикажува во која насока ќе се движи дизајнот на шпанскиот производител во иднина.

Темелена на MQB A0, новата Сеат Ибица го претставува последното технолошко достигнување на Фолксваген групацијата. Динамична, покомфорна и поголема во однос на својот претходник - според аналитичарите токму Ибицата ќе биде заслужна за подобрувањето на сликата за Сеат пред очите на купувачите.


Попрецизно, 87 милиметри поширока, 2 милиметри пократка и 1 милиметар пониска во однос на својот претходник, но со 60 милиметри поголемо меѓуосовинско растојание - новата Ибица нуди поголем простор во внатрешноста на автомобилот, а може да се пофали и со солидни 355 литри багажен простор.


Петтата генерација на Сеат Ибица која што од почетокот на продажбата во 1984-та година досега е продадена во над 5,4 милиони примероци, во продажба ќе биде пуштена со следниве мотори: 1,0 со 75 коњски сили, 1,0 TSI со 95 коњски сили, 1,0 TSI со 115 коњски сили и со 4-цилиндричен EVO 1,5-литарски мотор со 150 коњски сили.



Спонозорирани линкови

Маркетинг