Лекарите предупредуваат на симптомите: Мајка на три деца починала, а не знаела од што е болна

Точка

09/03/2017

17:53

6.270

Големина на фонт

а а а

Аманда Бут, мајка на три деца, починала на 28-годишна возраст од рак на матката, воопшто не знаејќи дека боледува од таа болест. Се плашела да посети гинеколог, а симпромите ги игнорирала со години.

Дури откако ракот метастазирал и кога започнале обилни крварења, ѝ била воспоставена дијагноза. За жал, ниту хемотерапија во тој стадиум не можела да ѝ помогне, а Аманда набрзо починала.


Овој случај потресе многу луѓе, а особено ги уплашил жените, бидејќи симптомите тешко се препознаваат, па поради тоа превенцијата во вид на чести гинеколошки прегледи е повеќе од неопходна.

Неодамнешни истражувања покажале дека неколку фактори можат да влијаат на добивање рак на грлото на матката, како што се менструација пред 12-та година, менопауза после 55-та година и раст на ендометриумот (мембраната околу матката). Исто така, покрај тоа оди и нездравиот начин на живот.


Експертите предупредуваат на важноста од редовни гинеколошки прегледи, но истакнуваат и дека секоја жена мора да ги знае основните симптоми на ракот на матката за што побрзо да се обратат кај лекар.

» Неочекувана болка во долниот дел од стомакот

» Болка за време на сексуалниот однос

» Крварење надвор од менструалниот циклус

» Крварење после секс

» Болка за време на уринирање

» Секрет со непријатен мирис


Спонозорирани линкови

Маркетинг