Ѕвездата од „Беверли Хилс“: „Пријател ме силуваше додека спиев, сакав да се самоубијам“

Точка

09/03/2017

17:10

11.315

Големина на фонт

а а а

Аналин МекКорд, позната по улогата на Наоми во новата верзија на хит серијата „Беверли Хилс“, наречена „90210“, на Денот на жената проговори за трауматичното искуство кое и` се случило кога имала 18 години.

„Не барав помош откако се случи тоа, се правев како ништо да не се случило и продолжив со животот“, рекла актерката Аналин МекКорд (29), ѕвездата од сериите „90210“ и „Nip/Tuck”, која на Денот на жената одлучила да открие дека била жртва на силување кога била тинејџерка.


Актерката раскажала дека тогаш кај неа преспал еден пријател. Аналин се разбудила среде ноќ и сфатила дека пријателот ја силува. Таа вели дека со години се обвинувала себеси за тоа што и` се случило.

„Мислев дека сè ќе биде во ред, но со тек на време станав депресивна и суицидална. Се сечев на рацете“, раскажала Аналин.

Таа раскажува дека моментот во кој се соочила со трауматичното искуство било кога морала да глуми сцена во серијата „90210“ во која ја силува професор.


Актерката денес им помага на жртви на силување и смета дека општеството сè уште има погрешна идеја за жртвите на злоупотреба.

„Го напуштив домот кога имав 15 години. Јас сум ќерка на свештеник, па во Њујорк самата премногу се „распуштив“. Излегував надвор, пиев и танцував на маси во мини здолништа. Но, ништо од тоа не играше улога во моето силување. Бев во сопствената куќа, пуштив еден пријател да преспие кај мене, а тој ме искористи“, раскажала МекКорд во интервјуто за BBC.

Пред три години го сретнала нејзиниот силувач во ноќен клуб и била шокирана кога слушнала дека тој на своето друштво му раскажувал дека таа била вљубена во него со години.


„Ме одвлече на страна и сакаше да зборува со мене. Кога го потсетив на тоа што се случи, ми рече: ’Што зборуваш? Таа ноќ меѓу нас беше прекрасна’“, се потсетила Аналин.

Актерката им порачала да проговорат на жените кои поминале низ такви тешки искуства.

„Немојте да се затворате. Не му дозволувајте на ова општество да ве замолчува“, рекла актерката.



Спонозорирани линкови

Маркетинг