Нова љубов: Погледнете кого љуби Џенифер Лопез

Точка

09/03/2017

15:09

6.855

Големина на фонт

а а а

Алекс Родригез, поранешен бејзбол играч, е новото момче на пејачката Џенифер Лопез.

До вчера американските медиуми пишувале дека Дрејк и Џенифер се заедно поради нивните заеднички фотографии кои ги пласирале на социјалните мрежи, меѓутоа, пејачката ги демантирала тие гласини.


"Дозволете ми да го разјаснам ова: Дрејк и јас не сме заедно", рекла пејачката за време на гостувањето на една емисија.


Но, Џенифер затоа е во врска со Алекс Родригез. Музичката дива и поранешниот играч на бејзбол, Алекс Родригез се заедно, потврдил извор за порталот E!Online. "Тоа е ново. Не е нешто сериозно. Џенифер и Алекс не бараат никаква сериозна врска, само добра забава", открил изворот.


Портпаролите на пејачката и спортистот не сакале да ги коментираат овие наводи.



Спонозорирани линкови

Маркетинг