НБА: Луд пресврт на СА, Бостон победи во Оукленд

Макфакс

09/03/2017

10:47

403

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Бостон, во Оукленд, го победија Голден Стејт 98:86, во најпривлечниот натпревар кој изминатата ноќ се одигра во НБА лигата.

Бостон го искористи заморот кај противникот, кој се врати од турнејата по Источната конференција, каде одигра пет натпревари и со серија 14-0 во средишницата на последната четвртина ја обезбеди победата.

Ајзеа Томас со 25 поени, односно Кели Олиник со 17 поени и по 5 скокови и аситенции го предводеа Бостон до победата. Најефикасни кај Голден Стејт беа Клеј Томпсон со 25 поени и Стеф Кари кој имаше учинок од 23 поени, 5 скокови и 6 асистенции.

Голден Стејт со трите порази на последните шест натпревари ја компромитира првата позиција на Западот и воопшто во НБА лигата. Голден Стејт има скор од 52 победи и 12 порази, а второпласираниот Сан Антонио е на 50 победи и 13 порази.



Кошаркарите на Сан Антонио со историски пресврт го победија Сакраменто 114:104. Спарси против Сакраменто играа без двајцата најдобри играчи, Каваи Ленард и Ламаркус Олдриџ, во еден момент имаа негатива од 28 поени, а накрајот запишаа важна победа. Ветаранот Дејвид Ли со 19 и Австралецот Пети Милс со 17 поени го предводеа Сан Антонио до победата.



Резултати: Орландо-Чикаго 98:91, Атланта-Бруклин 110:105, Мајами-Шарлот 108:101, Хјустон-Јута 108:115, Милвоки-Њујорк 104:93. Њу Орлеанс-Торонто 87:94, Сан Антонио-Сакраменто 114:104, Голден Стејт-Бостон 86:98, Минесота-ЛА Клиперс 107:91, Индијана-Детроит 115:98, Денвер-Вашингтон 113:123.


Спонозорирани линкови

Маркетинг