Во 90-тите беше вистинска секс – бомба, а еве како изгледа денес

Точка

08/03/2017

22:00

12.610

Големина на фонт

а а а

Иако во јавноста секогаш ќе остане најпозната по својата улога во серијата „Чувари на плажата“, Кармен Електра со години не се занимава со глума, а среќата ја побарала во светот на модата. Така, неодамна ја претставила својата линија на долна облека.


„Сонував за тоа уште откако почнав да снимам секси модни едиторијали. Во тој период научив многу работи, на пример, кои се добри, а кои се лоши материјали. Патував низ светот и во продавниците барав нешто што е удобно, а да изгледа драматично и да можам тоа да го носам на сцена. Дизајнирањето на долна облека е нешто што одамна ми е желба“, вели Електра.


Зад Кармен е и турбулентниот љубовен живот. Имено, атрактивната актерка поминала една година во брак со Денис Родман, а четири години со Дејв Наваро. Моментално е слободна.


„Немам никого, но верувам во љубовта и верувам дека оној вистинскиот ќе дојде на вистински начин. Мислам дека со текот на годините станав малку попребирлива. Само сакам да почувствувам дека тоа е тоа, но моментално одлучив да се посветам на работата. Одам на состаноци, но на ништо не се присилувам. Никого не барам, кога ќе се појави некој, тогаш ќе видиме“, заклучува убавата русокоса.


Кармен денес има 44 години, но речиси воопшто не е променета од деновите на најголема слава. И понатаму за неа велат дека е една од најсексапилните жени во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг