Мажите се едногласни: Овие осум работи ве прават лоши во кревет

Точка

08/03/2017

21:00

7.129

Големина на фонт

а а а

Жената која е сосема задоволна со секој дел од своето тело и личност веројатно не е од оваа планета, но вашиот проблем не е во вашите недостатоци, туку во опседнатоста со нив.

Повеќето жени претежно никогаш не се целосно задоволни од својот изглед, но понекогаш малку претеруваат и тие моменти ги чинат добар, страствен секс, кој засекогаш ќе го паметат. Добрата вест е дека најголемиот проблем во лошиот секс е токму тоа чувство на ниска самодоверба, а таа препрека лесно може да се надмине.

Ако се пронајдете во еден од овие, не толку ретки проблеми, знаете што треба да направите!

1. Несигурни сте поради изгледот

Допуштете му на партнерот да го сака вашето тело. Освен ако не сакате да биде детално информиран за секоја ваша мана, престанете да се жалите на преголемиот стомак или задникот полн со целулит, бидејќи ако не ги зборувате секојдневно тие недостатоци, тој воопшто нема да ги забележи. Ако навистина сте несигурни или незадоволни од својот изглед, постојат начини на кои можете да ги промените тие ситници, но барем за момент обидете се да не мислите на нив и сакајте го вашето тело онолку колку што го сака вашиот партнер.

2. Опседнати сте со своите несовршености

Како што веќе рековме, жената која е целосно задоволна од секое делче од своето тело и личност веројатно не е од оваа планета, но вашиот проблем не е во вашите недостатоци, туку во опседнатоста со нив. Работете на зајакнување на вашата самодоверба, а во меѓувреме компензирајте го тоа со пригушени светла, секси долна облека во која се чувствувате неодоливо и направете се` за ноќта да ја направите уште поубава.


3. Му ја ускратувате интимноста

Интимноста, физичка и емотивна, е многу важна компонента на секоја врска. Ако му ја ускратувате интимноста како некој начин на казнување, само за повремено да го почестите со сензуален добир кога ќе биде „добро момче“, тогаш не можете да очекувате одличен секс. Блискоста е клучен фактор во врската и не би требало да ја користите како инструмент за казнување.

4. Не ви е баш до секс

Одговорот е едноставен – потребна ви е поголема возбуда! Кога жената е возбудена, таа вооопшто не размислува за ситниците како што се целулит и останати глупости. Таа е сосема опуштена и ужива во сексот. Добра вежба за почеток е превез околу очите и концентрација на останатите сетила. Заборавете на се` што ве мачи и за момент целосно препуштете му се на уживањето.


5. Опкружени сте со негативно влијание

За да ја разубавите личната слика за својот изглед, треба да поминувате повеќе време со пријатели кои не зборуваат само за телото. Излезете во град или во кино, занимавајте се со спорт, одете на прошетка, трчајте... Правете работи поради кои навистина ќе се чувствувате подобро во сопствената кожа. Поради тоа секој маж ќе ве обожува!

6. Од сексот правите оружје

Ако му го ускратувате сексот затоа што не бил добар или не ви го дал она што сте го сакале, тогаш од сексот правите оружје, а со самото тоа целосното искуство станува многу „поевтино“. Заборавете на таквите игри, бидејќи сексот би требало да биде нешто во кое двајцата уживате.


7. Не се трудите

Тоа што сте во врска со години и што сега се чувствувате доволно сигурно за пред него да се појавите без трошка шминка и во тренерки е супер. Сепак, понекогаш треба да се потрудите и да се дотерате. Немојте да заборавите како сте изгледале на вашиот прв состанок и потрудете се понекогаш да му покажете дека таа жена се` уште е тука. Тоа значи дека се грижите за својот изглед и тело. Звучи површно, но мажите се визуелни суштества.

8. Водите љубов само кога сте возбудени

Ако секогаш чекате да стигне она вистинското расположение за да тргнете во „акција“, тогаш можеби никогаш нема да го дочекате. Исто како со вежбањето, понекогаш морате да ги превземете работите во свои раце и сами да создадете вистинско расположение. Прочитајте еротски роман, фантазирајте или вежбајте за да станете поенергични. На тој начин самите ќе создадете расположение за секс.


Спонозорирани линкови

Маркетинг