Се надминала сама себе: Бијонсе ја облекла својата ќерка во фустан од 26.000 долари!

Точка

08/03/2017

20:02

4.728

Големина на фонт

а а а

Пејачката Бијонсе, која моментално е бремена со близнаци, присуствувала на премиерата на филмот „Убавицата и ѕверот“. Оваа прилика во Холивуд била идеална за мајката и ќерката да се забавуваат. Како што неодамна себеси се почестила со прескапо парче облека, така сега ја облекла петгодишната Блу Ајви во фустан од 26.000 долари.

Мајката и ќерката носеле слични фустани, од зелен шифон со потписот кој славната пејачка го обожува – „Гучи“.


И додека креацијата на мајката ги открива сите нејзини магии, фустанот сошиен за девојчето делувал подеднакво раскошно. Сепак, бидејќи бил искомбиниран со „старки“, воопшто не изгледал толку екстравагантно колку што зборува неговата цена.


Инаку, не толку одамна, славната трудница се почестила со кимоно од „Гучи“ кое чинело околу 22.000 евра, како што пишуваат странските медиуми.


Нема сомнеж дека славната Бијонсе издвојува многу пари за облека, но дали навистина мора толку да претерува?



Спонозорирани линкови

Маркетинг